Опозицијата во Сирија ќе ги бојкотира преговорите предложени од ОН

Од:

Коалицијата на сириската опозиција во егзил вчера соопшти дека нема да учествува во прелиминарните разговори предложени од ОН, наменети за подготовка на мировните преговори. Како причина за оваа одлука, коалицијата ги наведе предводените од Русија воздушни напади во Сирија, пренесува БТА.

– Генералното собрание на националната коалиција одлучи да не учествува во советодавните работни групи организирани од посредникот на ОН за Сирија Стефан де Мистура, и смета дека Женевското коминике од 2012 година и резолуциите на Советот за безбедност, како и престанокот на руската агресија во Сирија се основа за започнување на преговори , се вели во соопштението на коалицијата.

Опозициската група зборува за четирите групи за дискусија, составени од претставници на режимот и опозицијата, кои Де Мистура ги организираше ова лето со цел започнување на преговори за мир во земјата,погодена од граѓански конфликт, во кој загинаа речиси четвртина милион луѓе.

Женевското коминике усвоено во јуни 2012 година од светските сили, предвидува формирање на преодна влада. Според опозицијата овој документ предвидува исто претседателот Башар ал Асад да се повлече од власта и исклучува неговото учество под каква и да е форма во преодниот период.

Коалицијата ја донела одлуката за бојкотот по неколкудневни консултации во Турција, каде е нејзината централа. Таа инсистира на прекин на руската воздушна кампања, за која смета дека е некомпатибилна со статусот на Русија на член на Советот за безбедност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија