Опозицијата во Хондурас бара поништување на претседателските избори

Од:

Опозицијата во Хондурас бара поништување на реизборот на претседателот Хуан Орландо Ернандес поради изборни измами. Тие поднесоа жалба до Изборната комисија.

Опозицијата во Хондурас, ја поднесе жалбата и покрај тоа што во петокот нејзиниот кандидат Салвадор Насрала изјави дека повеќе не ја оспорува победата на Ернандес на претседателските избори што беа одржани на 26 ноември, откако САД ја поздравија победата на 49-годишниот конзервативец.

И покрај повлекувањето, Насрала повторно се сретнал со Селаја со цел да изготват стратегија за мобилизирање на народот, доколку жалбата биде отфрлена.

На изборите во Хондурас, Ернандес победи со 42,95 отсто од гласовите, наспроти 41,42 отсто кои ги освои Насрала. Меѓутоа, кога беа објавени прелиминарните резултати, со пребројани 57 отосто од гласовите, Насрала водеше со значителна разлика пред Ернандес.

По многубројни прекини во системот за пребројување на гласови на Изборната комисија, сепак Ернандес повторно беше прогласен за претседател на Хондурас.

Би можело да ве интересира

Уличните банди стојат зад бунтот во затворот и масовното убиство во Хондурас

Најмалку 41 лице загина во бунт во женски затвор во Хондурас

Хондурас ги прекина врските со Тајван и отвори амбасада во Кина

Ана Ололовска

Хондурас поради проблеми со бандите суспендираше некои уставни права

Силен земјотрес го погоди Хондурас

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Хондурас уапсена шефица на картел за која САД нудеа пет милиони долари

Ана Ололовска