Oперација за разбивање на една од најопасните криминални групи во Јапонија

Од:

Околу 4.000 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните единици, се ангажирани денеска во Јапонија за спроведување на голема операција на островот Кјушу за разбивање на криминална група на јапонската мафија Јакуза, која е официјално прогласена за најопасна во земјата.

Полицијата изврши спектакуларно апсење на лидерот на групата, 67-годишниот Сатору Ногути, кој е приведен во неговата луксузна куќа пред очите на соработниците. Како што соопшти полицијата, масовни претреси се вршат во објекти на групата и се трага по други нејзини раководители.

Во оваа криминална група членуваат над 900 лица од Јакуза, кои главно дејствуваат во северниот дел на островот Кјушу.

Претходно, полицијата веќе уапси четворица нејзини лидери, од кои едниот е осуден на доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија