Опера на Вагнер предизвика скандал во Германија

Од:

Модерната продукција на операта „Танхојзер“ на Ричард Вагнер предизвика бура од реакции во Германија поради сцените во кои се прикажуваат луѓе како умираат во гасни комори и убивање на едно семејство со обричени глави.

opera-vagner1

Портпаролката на Операта во Дизелдорф, Моника Дол изјави дека публиката свиркала и била шокирана од сцените кои потсетуваат на настаните од времето на нацизмот. Лидерот на еврејската заедница во Германија, пак, Михаел Сантеј – Хајзе оценил дека продукцијата на операта била „доста невкусна“.

opera-vagner2

Нацистичкиот владетел Адолф Хитлер бил голем фан на Вагнер, кој починал 1883 година. Вагнер бил жесток антисемитист и неговата музика се’ уште се смета за табу тема во Израел.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија