Опасност од терористички напад во Ерусалим

Од:

Израелските сили за безбедност се во состојба на зголемена готовност од синоќа поради дојава на службата за безбедност Шин бет за можен терористички напад во Ерусалим.

Полицискиот портпарол Мики Розенфелд изјави дека се ангажирани сите релевантни безбедносни агенции во случај на напади.

Израелската итна помош претходно прогласи ниво на готовност на ниво Ц, второ по јачина, но подоцна го зголеми на највисоко ниво, а пожарникарите исто така се подготвени да интервенираат.

Полициски хеликоптери го надлетуваат градот, а вчера се распоредени и други единици и поставени бариери на влезот во Ерусалим и се проверуваат особено возилата кои доаѓаат од соседните арапски села.

Заканата од терористички напад што би можел да го изврши бомбаш самоубиец е општа, а не специфична, наведоа безбедносни извори на кои се повикуваат израелските медиуми.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци