ОН започнува истрага за цивилните жртви од американските беспилотни летала

Од:

Обединетите нации ја започнаа официјалната истрага за да се утврди бројот на цивилните жртви и легитимноста на акциите на британските и американските беспилотни летала. Овој потег се надоврза на многубројните тврдења на засегнатите земји дека всушност станува збор за воени злосторства и кршење на суверенитетот.

Група правни експерти предводени од адвокатот Бен Емерсон започнаа во Женева реконструкција на неколку напади, со цел да се утврди нивната легитимност. Извештајот покажува дека ситуацијата во Пакистан, Јемен, Сомалија и Авганистан, а посебно внимание ќе се посвети на темата на израелските напади со беспилотни летала во палестинските области.

ОН започна истрага откако Пакистан и две постојани членки на Советот за безбедност, најверојатно, Русија и Кина ја повикаа највисоката меѓународна организација да ја испита легитимноста на нападите. Со истрагата ќе бидат опфатени триесетина случаи кои претставуваат различни видови на напади. Инспекторите ќе гледаат во бројот на цивилни жртви во секој напад, бројот на легитимни цели, идентитетот на наводниот милитанти убиени во нападите и во легитимноста на извршените напади во согласност со меѓународното право.

Истражниот тим посебно внимание ќе посвети на т.н. “двојни удари”, тоа се напади на беспилотни летала на местата каде неколку минути претходно бил извршен напад со цел да се спречи давање помош на жртвите. Постојат силни струи во Пакистан кои ја заговараат тезата дека во овој случај се работи за воено злосторство.

Извештајот ќе биде изнесен пред Генералното собрание на есен оваа година и ќе им даде право на одделни земји да поднесат тужби против земјите кои што на тој начин се оглушиле од меѓународното право.

Од Вашингтон, како што се очекуваше, се слуша како нападите биле оправдани и ефективни, додека од Пакистан и Авганистан доаѓаат обвинувања дека во нападите страдаат далеку повеќе цивили отколку милитанти.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски