ОН започна операција за доставување хуманитарна помош на 650.000 Сиријци

Од:

Обединетите нации најавија почетокот на операцијата за доставување хуманитарна помош на 650 000 Сиријци преку границата меѓу Јордан и Сирија.

„Вкупно 369 камиони со 11.200 тони хуманитарна помош за 650.000 луѓе ќе минат низ границата“, се вели во соопштението од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања. Таа помош, која ќе се дистрибуира со уште шест агенции на ОН и една невладина организација, претставуваат резерви за еден месец за засегнатите.

Освен храна, Сиријците ќе добијат вода, медицински помагала и други санитарни услуги, соопшти филијалата на Канцеларијата во Јордан. Целта на операцијата е да се олесни страдањето на сирискиот народ.

Последната испорака на хуманитарна помош преку границата помеѓу Јордан и Сирија се спроведе на 25 јуни.

Според ОН, на околу 13 милиони Сиријци им требаат храна, вода и лекови.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ