ОН загрижени поради смртта на Иранката Амини

Од:

ОН ја изразија својата загриженост за насилството и репресијата од страна на иранските власти врз демонстрантите, кои протестираат поради смртта на младата Иранка Махса Амини, која беше приведена од полицијата.

„Вршителот на должноста висок комесар на ОН за човекови права Нада Ал Нашиф ја изрази својата загриженост поради смртта на Амини, која беше приведена поради кршење на строгите прописи за задолжително носење хиџаб, како и за насилната реакција на безбедносните сили на демонстрациите што следеа по нејзината смрт во притвор“, се наведува во соопштението на Високиот комесаријат на ОН.

Ал Нашиф рече дека трагичната смрт на Махса Амини и наводите за нејзиното малтретирање треба итно да се истражат, дека надлежното независно тело треба да спроведе непристрасна и ефикасна истрага која ќе посвети посебно внимание нејзиното семејство да има пристап до правдата и вистината.

Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН, според достапните информации, рече дека од две до пет лица загинале за време на демонстрациите организирани во неколку градови, како и во главниот град Техеран.

Дваесет и двегодишната Махса Амини, по потекло од регионот на северозападниот дел на Курдистан, беше уапсена минатата недела додека со своето семејство беше во посета на Техеран. Таа почина во петокот во болница по три дена во кома.

Според иранските власти, таа починала од природна смрт, но според информациите на Високиот комесаријат на ОН, таа била погодена во главата, односно главата и била удрена во полициското возило.

Би можело да ве интересира

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Иран: 838 учесници во сообраќајот загинаа за време на празничната сезона

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ