ОН загрижени поради извештаи од Русија за уапсени речиси 2.400 демонстранти

Од:

Обединетите Нации (ОН) изразија загриженост поради извештаи од Русија за уапсени речиси 2.400 демонстранти, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација за војната во Украина.

– Ние сме длабоко вознемирени од големиот број луѓе кои наводно биле уапсени, изјави портпаролката на канцеларијата за права на ОН, Равина Шамдасани во Женева.

Таа посочи дека околу 2.377 демонстранти, според веродостојни извештаи, биле уапсени на различни локации низ земјата.

Не се знае, додаде Шамдасани, колку лица остануваат во притвор.

Во саботата, полициската мониторинг група ОВД-Инфо објави за најмалку 726 луѓе притворени во 32 градови низ Русија, речиси половина од нив во Москва.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

Москва: Западот е свесен дека е можен колапс на украинската армија

Пожар во станбена зграда во Москва, едно лице загина

Безбедносните сили на Русија спречија масовен терористички напад во Москва

Горан Наумовски

Во Москва е убиен важен човек за руската армија