Стотици деца умираат во Авганистан при американските воздушни напади, се наведува во извештајот на ОН, кој бил подготвен уште на 1 февруари од Комитетот за правата на децата во Светската организација.
Во документот се изразува загриженост во врска со информациите за стотици деца, кои се убиени во воздушните напади на американските сили во Авганистан.
Податоците се однесуваат до 2011 година. Во извештајот се нагласува дека во 2011 година двапати повеќе авганистански деца станале жртви на американските напади во споредба со претходната 2010 година.
Засега американските власти не го коментирале овој документ на ОН.