ОН за утре свика седница на Генералното собрание за руската инвазија на Украина

Од:

Советот за безбедност на ОН за утре свика вонредна седница на Генералното собрание, на која ќе се разговара за руската инвазија врз Украина, додека западните сојузници ја засилуваат дипломатската кампања за изолација на Москва.

Гласањето на 15-члениот совет денеска беше процедурално, така што Русија не можеше да стави вето. Одлуката за свикување седница на Генералното собрание беше донесена со 11 гласа „за“. Русија гласаше против, додека Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати беа воздржани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск