ОН: За две недели во Јемен загинаа повеќе од 500 лица

Од:

Повеќе од 500 лица, од кои 90-тина деца, загинаа, а приближно 1.700 се ранети во текот на последните две недели во судирите во Јемен, сооошти денеска заменикот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Валери Амос.

Според неа, десетици илјади лица ги напуштиле своите домови, а дел од нив преку море заминале за Џибути и Сомалија.

Како што пренесуваат француските медиуми, Амос ги повикала сите страни во конфликтот да не ги гранатираат болниците, училиштата, бегалските кампови и цивилната инфраструктура.

Заменичката на генералниот секретар на Светската организација ги повика сите страни во конфликтот да го почитуваат меѓународното право и да ја гарантираат безбедноста на цивилите, како и да обезбедат пристап до населението заради испорака на храна и лекови.

– Забележен е голем недостиг од електрична енергија, вода за пиење и основни лекови, рече Амос, истакнувајќи дека и до заострувањето на ситуацијата во Јемен милиони жители биле во крајно неповолна положба.

Американските медиуми наведуваат дека повеќе од половинината од вкупно 25 милиони жители на Јемен живеат во сиромаштија, а во земјата веќе живеат 330.000 раселени лица од претходните судири.

Претставникот на Јемен во Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) изрази стравување од претстојна хуманитарна катастрофа и истакна дека во текот на првите четири дена од воздушната операција биле убиени 62 деца, колку што вкупно загинале во цела мината година кога шиитската милиција Хуси ја почна борбата против владините сили.

Притоа тој процени дека приближно третина од борците на сите страни се помлади од 18 години и дека некои имаат 13 или 14 години.

Минатата недела саудиската авијација со поддршка на Бахреин, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, почна со бомбардирање на позициите на Хусите, приврзаници на движењето Ансар Алах, на јеменска територија.

На операцијата, чија цел е враќање на власт на легалниот претседател Абдрабу Мансур Хади и неговата Влада, и се приклучија и Египет, Јордан, Мароко, Пакистан и Судан.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа