ОН води истрага за снабдувањето на Северна Кореја со луксузни автомобили

Од:

Експерти на ОН за спроведување меѓународни санкции наметнати врз Северна Кореја ги испитуваат неодамнешните купувања на луксузни автомобили од Пјонгјанг, што се во спротивност со санкциите од 2013 година.

-Севернокорејците можат да имаат се што сакаат, тие се снабдуваат со најдоброто кога им треба, вели Хју Грифитс, кој во изминатите пет години ја координираше експертската група на ОН за санкциите врз Северна Кореја.

На меѓународните состаноци со лидерот Ким Џонг Ун, Севернокорејци се возеле со автомобили на „Ролс-Ројс”, „Мерцедес” или „4х4 Лексус”, се вели во извештајот на ОН.

Експертите веруваат дека голем број меѓународни санкции се неефикасни, бидејќи Севернокорејците успеваат да ги заобиколат. Случаите се испитуваат за да дознаат како ги добиле луксузните автомобили.

Во анексот на резолуцијата за санкциите од 2013 година, ОН ги наведува луксузните производи забранети за испорака во Северна Кореја. Меѓу нив се накит, бисери и скапоцени камења – дијаманти, сафири, рубини, смарагди – како и јахти, луксузни и спортски автомобили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“