ОН: Во судирите во Јемен загинале 135 деца

Од:

Во судирите во Јемен загинале 135 деца, а 260 се ранети, истакна денеска Антонио Лејк, извршен директор на УНИЦЕФ.

Тој ги повика спротивставените страни да ги заштитат децата и да направат хуманитарна пауза во борбените дејствија.

– Бројот на жртвите меѓу децата се зголемува секој нов ден, констатира шефот на Детскиот фонд на ОН.

Речиси една третина од смртните случаи се при падот на градот Аден, каде ситуацијата се заостри изминатите денови.

– Секоја таква смрт е лична трагедија, но и напомена за сериозноста за конфликтот во Јемен, рече Лејк.

– Децата не треба да ја плаќаат цената на насилството во Јемен, нагласи тој.

Според извештајот на Врховниот комесар на ОН за човекови права, објавен на 22 мај во Женева, од 26 март до 20 мај во судирите во Јемен загинале 1.037 цивили, а ранети се 2.453 цивили.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ