ОН: Во сириската провинција Хомс 210.000 деца имаат потреба од итна помош

Од:

Околу 420.000 лица, од кои половината се деца, имаат потреба од итна помош во западната сириска провинција Хомс, изјави Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), цитиран од американските медиуми.

Портпаролката на УНИЦЕФ изјави дека Агенцијата ќе се обиде да стигне до што е можно поголем број луѓе. Таа денеска, пред репортерите во Женева, изјави дека 200 од 1.500 училишта во Хомс се разурнати од војната што во Сирија трае веќе 22 месеци, а други 65 училишта им обезбедуваат засолниште на децата и нивните семејства.

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека со осум камиони неделава биле доставени 15.000 одела и 2.000 шатори, што е првата итна помош оваа зима за повеќе од 10.000 лица во импровизираните кампови во северниот сириски реон Азас.

Координаторот на Агенцијата за Блискиот исток и Северна Африка, Јакуб ел Хило, ситуацијата во камповите ја оцени како „ужасна“, обаснувајќи дека луѓето во нив имаат потреба од „недоложна и сериозна грижа“.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија