ОН: Во Сирија двете страни се одговорни за злосторствата

Од:

Според Комисијата на ОН за почитување на човековите права во граѓанската војна, во Сирија и двете страни извршиле воени злосторства.

Во нејзиниот извештај стои дека сириските сили минатите месеци масакрирале цивили, бомбардирале болници и вршеле други воени злосторства поради освојување територија.

Но и дека во периодот од 15-ти мај до 15-ти јули, опозициските сили меѓу кои и исламистичките борци од странство, вршеле воени злосторства, вклучувајќи убиства, киднапирања и бомбардирања на цивилни населби.

-Извршителите на наведените дела, делуваа спротивно на меѓународните закони. Тие не стравуваат од одговорност – се заклучува во извештајот, пренесува „Ројтерс“.

Експертите велат дека според доказите кои што ги имаат за употреба на хемиско оружје, не можат да донесат заклучок за кој агенс станува збор, систем на испорака или извршител.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години