ОН: Во Авганистан првпат од 2009. намалено производството на опиум

Од:

Насадите со афион и производството на опиум во Авганистан, кој е најголем производител на хероин во светот, се намалени првпат од 2009 година, се наведува во годишниот извештај на Обединетите нации. 

Светската организација појаснува дека намалувањето е последица на „подобрената методологија на пресметка“, како и на климатските промени, особено на недостигот на вода за полевање на некои области.

И покрај меѓународните напори за ограничување на одгледувањето афион во Авганистан изминатите десет години, оваа култура и натаму на големо се одгледува во јужниот и западниот дел на земјата, во небезбедните региони каде талибанците се особено активни. 

Според извештајот на ОН, површините на кои се одгледува афион во Авганистан оваа година се намалени за 20 проценти, а производството на опиум е помало за дури 50 отсто во споредба со минатата година.

Лидер во оваа дејност и натаму останува јужната провинцијата Хелманд, каде и се појави талибанското движење.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан