Најмалку 10 цивили можеби загинале минатата недела при американски воздушен напад во северниот авганистански град Кундуз, и покрај тоа што истрагата на Армијаѕа на САД не откри цивилни жртви, соопшти мисијата на ОН во земјата.
Мисијата на ОН во Авганистан разговарала со многу преживеани во нападите – лекари, старешини и други луѓе, при што добиените информации покажале дека има сериозни основи да се смета дека во нападот во саботата можеби загинале најмалку десет цивили.