ОН: Во 2012. регистрирани над 45,2 милиони раселени лица

Од:

Над 45,2 милиони луѓе минатата година ги напуштиле своите домови, а повеќето од нив биле протерани од својата татковина поради конфликти, што претставува најголема бројка во последните 20 години, се наведува во најновиот извештај на ОН.

– Во 2012 година е регистриран најголемиот број на раселени лица од 1994 година, кога се случи геноцид во Руанда и распаѓањето на поранешна Југоаславија. Сведоци сме на избувнување на се повеќе нови конфликти, а истовремено старите воопшто не стивнуваат, истакна синоќа на прес-конференција раководителот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, Антонио Гутереш.

Околу 55 отсто од бегалците се од Авганистан, Сомалија, Ирак, Сирија и Судан. Во извештајот се додава дека големи бегалски бранови се забележани и во Мали и ДР Конго.

Од 45,2 милиони раселени лица, 15,4 милиони се бегалци, а од нив 4,9 милиони се Палестинци.

– Ескалацијата на насилството во Сирија не ветува подобра ситуација за оваа година, изјави Гутерес, повикувајќи ја меѓународната заедница да им ги олесни проблемите со кои се соочуваат Јордан и Либан, каде околу 20 отсто од населението се веќе Сиријци.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он