Владите треба брзо да ги водат истрагите за убиствата на новинари ширум светот, соопшти денеска ООН.
– Загрижувачки и неприфатливо е повеќе од 90 проценти од убиствата на новинари да останат неказнети, изјави заменик генералниот секретар на ОН Јан Елиасон за време на дебатата во Советот за безбедност на тема „Заштитата на цивили во конфликти со фокус врз новинарите“.
Според него, повеќе од 600 новинари биле убиени за време на извршувањето на своите работни обврски во текот на последните 10 години, јави ДПА.
Елиасон нагласи дека заштитата на медиумските работници е неопходен услов за слободата на изразување и за демократијата.