ОН: Судирите во Јемен го ограничуваат пристапот на хуманитарна помош

Од:

Канцеларијата на ОН за координирање на хуманитарна помош (ОЦХА) предупреди дека континуираните воздушни напади и судири во Јемен го ограничуваат пристапот на хуманитарната помош во земјата.

Според ОЦХА, инволвираните страни во конфликтот заземале здравствени објекти во земјата.

Портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, исто така, ги повика страните во судирот да се воздржат од напади врз цивилни објекти.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека од 19 март, па досега повеќе од 540 лица загинале, а 1.700 се повредени во насилството во Јемен.

– И покрај предизвиците, хуманитарните организации се обидуваат да достават помош, главно медицинска поддршка за болниците, како и да испратат екипи за итна медицинска помош, истакна Дижарик.

Во екот на воздушните напади на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, врз позиции на шиитските бунтовници Хути во Јемен и влошување на хуманитарната ситуација на терен, Советот за безбедност на ОН одржа консултации зад затворени врати по барање на Русија и почна да работи на предлог-резолуција, која има за цел договор за прекин на огнот.

Јемен е зафатен од политички немири од 2011 година, кога со масовни протести беше принуден да замине од власт поранешниот претседател Али Абдулах Салех.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа