ОН стравуваат од нови насилства во текот на ноќта во Судан

Од:

Претставникот на ОН за Судан денеска изрази стравување од ново насилÑ �тво во текот на ноќта во земјата каде што утринава беше извршен воен удар и беа уапсени премиерот и неколку членови на владата и повика на „дијалог и враќање на уставниот поредок “.

– Сè уште имаме барикади од пожарот и можеме да слушнеме истрели, рече пратеникот на ОН Фолкер Пертес на прес-конференција во Картум. – Значи, се разбира дека постои ризик од дополнително насилство и конфликт во текот на ноќта, рече тој, повикувајќи ги сите „да бидат повоздржани“.

Тој повика да се ослободат сите кои денеска беа незаконски уапсени.

Пертес рече дека очекува утре да се одржи итна седница на Советот за безбедност и истакна дека Советот за безбедност секогаш може многу да помогне доколку е обединет.

Единството на Советот за безбедност околу Судан во изминатите две години, за разлика од поделбите околу другите земји во регионот, како што се Либија или Сирија, може да помогне бидејќи актерите во Судан доста сериозно ги сфаќаат меѓународните позиции и особено соопштенијата на Советот за безбедност, рече Пертес.

Суданската армија денеска ја презеде власта, го уапси премиерот и неколку министри и ја распушти преодната влада. Илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против пучот, кој се заканува да го загрози кревкиот напредок на земјата кон демократијата. За време на протестот, од армиски пукотници загинаа две лица, а 80 се повредени.

Би можело да ве интересира

ОН: Најмалку 183 украински цивили загинаа во руските напади во октомври

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Експерт на ОН предупреди дека обновата на Газа може да потрае 80 години

ВИДЕО: Израелците со тенкови упаднале на позициите ОН во Либан, 15 мировници повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел пукал на позиции на мировниците на ОН во Либан, двајца повредени