Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци “УНРВА” изрази загриженост дека американскиот план за Блискиот Исток ќе потикне уште судири и насилства.
Сериозно стравуваме дека американскиот план ќе резултира со ескалација на судирите и насилствата, изјави пред новинарите во Женева привременот прв човек на оваа организација Кристијан Саундрес.
„Палестинските бегалци, исто така, се надеваат на нас во овој момент кога нивните права и безбедност се загрозени“, додаде Саундерс, пренесе Хина.
Американскиот план не предвидува право на враќање во Израел, а Саундерс вели дека тоа право „е содржано во меѓународото право и бројните резолуции на генералното собрание на Обединетите нации”.
УНРВА годинава повика да се соберат 1,4 милијарда долари за помош на 5,6 милиони палестински бегалци на Блискиот Исток.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот го претстави мировниот план за Блискиот Исток што му оди на рака на Израел, овозможувајќи му припојување на окупираните територии, што се коси со меѓународото право. Палестинските лидери веднаш ги одбија преговорите врз овие основи.