ОН со нова резолуција за Сирија за осуда на помош од Хезболах

Од:

Советот на ОН за човекови права разгледува нова резолуција со која би се осудил сирискиот режим за тоа дека користи помош од припадници на Хезболах. Тоа се вели во нацрт-документ објавен денеска во Женева.

Во него „силно се осудува вмешување на странски војници во Сирија, вклучително и на тие кои се борат во име на режимот и посебно на Хезболах“. Документот изразува длабока загриженост дека нивното вмешување ќе има негативни последици за регионот.

Во документот се повикува сириската Влада да овозможи посета на инспектори за човекови права на ОН и се осудува непочитување на човекови права од страна на владини сили и нивни сојузници како и од страна на бунтовниците.

Нацрт-документот е изработен од Катар, Кувајт, Турција, САД и Велика Британија и за него ќе се гласа в петок.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години