ОН: Сириската влада ги користи локалните милиции за масовни убиства

Од:

Сириската влада постојано ги користи локалните милиции, попознати како Популарни одреди, за извршување масовни убиства, кои често пати се од секташка природа, соопшти денеска истражител на Комитетот за човекови права на Он од Женева.

Судирите во Сирија, што избија пред две години, се претворија во граѓанска војна меѓу сунитските бунтовници, кои се мнозинството од населението во земјата, и режимот на претседателот Башар ал Асад, припадник на алавитската вера, претставник на шиитскиот ислам, пренесоа британските медиуми.

-Во вознемирувачкиот и опасен тренд, масовните убиства што ги извршуваат Популарните одреди, од време на време  имаат секташки призвук, се наведува во извештајот на истражирелите на ОН.

Телата на убиените во масакрите се палат и фрлаат во реките, се наведува во извештајот.

Истражителите на ОН за Сирија наведуваат дека двете страни во конфликтот извршиле насилство врз цивилите.

Бунтовниицте редовно убиваат заробени сириски војници и припадници на милициите, и исто така, имаат направено притворски центри во Хомс и Алепо.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија