ОН: Северна Кореја треба да одговара пред Меѓународниот кривичен суд поради човековите права

Од:

Комитетот за човекови права при Генералното собрание на Обединетите нации синоќа усвои резолуција со која се повикува Советот за безбедност да поднесе пријава пред Меѓународниот кривичен суд поради непочитување на човековите права во Северна Кореја.

Резолуцијата е усвоена со 111 гласови „за“, 19 „против“ и 55 „воздржани“.

По ова за резолуцијата треба да биде известено Генералното собрание, каде ќе следи усвојување на документот и испраќање пред Советот за безбедност.

Резолуцијата е донесена врз основа на извештајот на истражната комисија на ОН, во кој се наведува дека во Северна Кореја се кршат човековите права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“