ОН: Првиот ден во Сирија уништени боеви глави, бомби и опрема

Од:

Меѓународните експерти во Сирија, првиот ден од кампањата, која има за цел отстранување на сириското хемиско оружје, уништиле боеви глави, хемиски бомби и опрема за мешање и полнење, соопштија Обединетите нации.

– Процесот на уништувањето на сириското хемиско оружје почна, се наведува во соопштението.

Самиот процес на уништување на овој дел од сириското хемиско оружје го спровеле сириските работници, под надзор на меѓународни експерти, а процесот ќе продолжи следните денови.

Меѓународниот тим исто така „следи, проверува и известува“ за тоа дали Владата на претседателот Башар ал Асад дала точни информации за своите резерви, се додава во соопштението.

Претставниците на Организацијата за забрана на хемиското оружје и експертите на ОН пристигнаа во Дамаск во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност од 27 септември, со која е поддржан планот на САД и Русија за елиминација на арсеналот по нападот во август, во кој се убиени стотици лица, а во кој е употребено хемиско оружје.

Согласно тој план, објектите за производство на хемиско оружје мораат да бидат уништени до 1 ноември.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години