ОН прогласи највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен

Од:

Хуманитарните агенции на ОН објавија трет, највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен каде продолжува конфликтот меѓу приврзаниците на Владата и шиитските бунтовници Хути. Тоа го изјави помошникот портпарол на ОН Фархан Хак.

Одлуката била донесена по состанок одржан по барање на заменикот генерален секретар за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан.

Највисокиот степен на тревога ќе значи мобилизирање дополнителни ресурси за давање помош на населението.

Во Јемен над 21 милион луѓе имаат потреба од помош. Тоа е над 80 отсто од населението во државата. Хуманитарниот план на ОН е за 11,7 милиони луѓе.

Системот за здравствена заштита речиси и да не работи – над 160 медицински установи се затворени поради проблеми со безбедноста или заради недостиг на гориво и други неопходни средства за работа.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ