ОН: Продуктивни разговори во Дамаск за хемиското оружје

Од:

Делегацијата на Обединетите нации и сириските власти се договорија да ја продолжат истрагата за употребата на хемиско оружје во судирите во Сирија.

Во кусото соопштение на ОН се наведува дека разговорите оваа недела биле „детални и продуктивни“ и оти „довеле до договор да се оди понатаму“.

Во соопштението не се прецизира дали се работи за продолжување на преговорите или за почеток на истрага, односно за дозвола на инспекторите на ОН да им биде овозможен пристап во истрагата.

Делегација на Светската организација, во која беа високата претставничка за разоружување на генералниот секретар Анџела Кејн и шефот на групата инспектори Оке Селстром на 24 и 25 јули го посетија Дамаск, каде се состанаа со премиерот Ваил ал Халки, шефот на дипломатијата Валид Муалем и вицепремиерот Фејсал Микдадо.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години