Пандемијата Ковид-19 предизвика „опасна епидемија на дезинформации“, предупреди денеска генераниот секретар на ОН Антонио Гутереш, но не наведе конкретни случаи на земји или медиуми.
„Во време кога науката и солидарноста треба да бидат главната основа, таканаречените здравствени совети предизвикуваат штета и лаги се шират, а теориите на заговор и омразат го заразија интернетот, стигматизирајќи и клеветајќи ги луѓето и групи“, предупреди тој.
„Светот мора да се обедини против таа болест“, побара тој, оценувајќи дека вакцината ќе обезбеди доверба и дека пред се – треба да и се верува на науката.
„Треба да им се верува на новинарите и на оние кои проверуваат информации во низата лажни теории и написи на социјалните мрежи. Големите компании за социјални мрежи треба да сторат повеќе за да ја отстранат омразата и штетните тврдења во врска со Ковид-19“, нагласи Гутереш.
„Заедно да ги отфрламе лагите и глупостите да се изгради поздрав, поправеден и отпорен свет“, заклучува Гутереш во соопштение.