ОН предупредува дека милиони деца во светот не примиле задолжителни вакцини поради пандемијата

Од:

Околу 23 милиони деца ширум светот ја пропуштија задолжителната вакцинација во 2020 година – 3,7 милиони повеќе отколку во 2019 година и најмногу од 2009 година, според податоците објавени од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, јави ДПА.

Повеќето земји забележаа пад на задолжителните вакцини за деца минатата година. До 17 милиони деца веројатно не примиле ниту една вакцина во текот на годината, се вели во соопштението на организациите.

Најпогодени области се Југоисточна Азија и Источен Медитеран, покажуваат податоците.

– Додека земјите се обидуваат да добијат пристап до вакцини против Ковид-19, изгубен е напредок во однос на другите имунизации, ставајќи ги децата во опасност од разорни, но болести што можат да се спречат, како што се сипаници, детска парализа или менингитис, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк