ОН предупреди дека не успева да одговори на влошувањето на хуманитарната ситуација во Сирија

Од:

Хуманитарната ситуација во Сирија се влошува со голема брзина, а Обединетите нации и другите организации, кои и укажуваат помош не успеваат да навреме да одговорат, призна заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Валери Ејмс.

– И покрај нашата упорност, обемот на кризата е толку голем, што ги надминува сите напори за да одговориме на неа, изјави Ејмс по консултациите посветени на Сирија, во Советот за безбедност на ОН.

Од ветените 1,5 милијарди долари, кои ОН ги пресмета, дека се потребни за првите шест месеци од годината, досега се обезбедени едвај околу 200 милиони.

– А оваа сума, објавена на донаторската конференција во Кувајт во јануари веќе е надмината, со оглед на тоа дека во првите два месеци од годината борбените дејствија меѓу режимот и вооружената опозиција се интензивираа, нагласи Ејмс.

Пред СБ вчера високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш изјави дека бројот на сириските бегалци во соседна Сирија е околу 940 илјади лица, а прагот од еден милион лица ќе достигнат за неколку недели.

Во април 2012 година бројот на бегалците изнесуваше 33 илјади, а по 40 илјади Сиријците ја минуваат границата секоја недела, бегајќи од судирите во земјата.

Според шефот на њујоршката Канцеларија на високиот комесар за бегалци, Удо Јанц официјално регистрираните бегалци во Либан изнесуваат 315 илјади, но нивната реална бројка е 400 илјади. Се проценува дека околу 400 илјади Сиријци избегале во Јордан, околу 300 илјади во Турција, а сто илјади во Ирак.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ