ОН подготвени за посредништво во преговори меѓу власта и бунтовниците во Сирија

Од:

Обединетите нации денеска соопштија дека се подготвени да посредуваат во преговори меѓу власта и бунтовниците во Сирија, кои би довеле до прекин на судирите во оваа блискоисточна земја.

Во сооопштението издадено по денешната средба меѓу генералнито секретар на ОН, Бан Ки-мун со претставникот на Светската организација и на Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими во швајцарскиот град Мон Пелерин, се изразува длабоко разочарување од неспособноста на меѓународната заедница да стави крај на сирискиот конфликт.

– ОН ќе го подржат и се подготвени да посредуваат во дијалог меѓу силна и соодветно застапена делегација на опозицијата и доверлива делегација на сириската Влада, која ќе ги има потребните овластувања, се истакнува во соопштението.

Бан и Брахими изразуваат загриженост поради „зголеменото неразумно однесување на сириската Влада и на опозицијата, поради што страда населението на Сирија“.

– Меѓународната заедница треба да се насочи кон барањето политичко решение на конфликот, со што ќе се зголемат надежите дека Сирија ќе се претвори во демократска земја што ќе ги штити правата на сите заедници, се потенцира во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија