ОН побараа 550 милиони долари за Авганистан

Од:

Обединетите нации побараа денеска хуманитарна помош во вредност од 550 милиони долари за Авганистан, која и е потребна на една третина од популацијата во оваа земја.

ОН сметаат дека оваа година ќе биде потребна помош за 9,3 милиони луѓе, што е 13 отсто повеќе во однос на претходната година.

До зголемување на бројот дојде бидејќи од Авганистан луѓето заминуваа поради судирите меѓу владата и талибанците, како и поради бројот на бегалците кои во Авганистан се вратија од Пакистан.

– Моментната состојба во Авганистан ги обврзува ОН да ја повикаат меѓународната заедница да им помогне на голем број Авганистанци, чии животи се загрозени, нагласи хуманитарниот координатор на ОН, марк Бауден.

Според податоците на ОН, повеќе од половина милион Авганистанци ги напуштиле своите домови поради конфликтот во текот на минатата година, а над 600.000 бегалци биле принудени да се вратат од Пакистан и Иран.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан