ОН предложија да помогнат во решавањето на проблемите меѓу централната ирачка влада и регионалната влада на Курдите во врска со референдумот за независност, одржан во понеделникот, соопшти ирачкото Министерство за надворешни работи.
Претставникот на ОН во Ирак Јан Кубиш го дал овој предлог на состанокот со министерот за надворешни работи, Ибрахим Џафари, во Багдад, се вели во соопштението.
Багдад планира да воведе санкции за регионалната влада поради спроведувањето на референдумот. Централните власти дадоа рок до петок, официјален Ербил да ја предаде контролата врз меѓународните аеродроми. Во спротивно, ирачката влада ќе воведе забрана за директни меѓународни летови до и од курдскиот регион.