Обединетите нации соопштија дека на ниту еден начин нема да бидат ангажирани во процесот на одржување на референдумот за независност на автономниот ирачки северен регион Курдистан, кој е најавен за септември.
Овој став на специјалната мисија на ОН во Ирак (УНАМИ) би можел да фрли сомнеж на кредибилитетот на гласањето, коментираат светски медиуми, додавајќи дека најавениот референдум веќе предизвика критики на Владата во Багдад и некои западни земји.
Претседателството на автономниот ирачки регион Курдистан објави неодамна дека на 25 септември ќе биде одржан референдум за државност и покрај противењето на Багдад.