ОН: Насилството во Јемен одзеде 549 животи

Од:

Службата за координирање на хуманитарни прашања при ОН соопшти дека од 19 март досега во борбите и насилствата во Јемен загинале 549 лица, од кои над 200 се цивили.

– Според Светската здравствена организација (СЗО) во судирите во Јемен од 19 март досега се убиени 549 лица, а 1.707 се повредени. Меѓу нив има најмалку 217 загинати и 516 повредени цивили, од кои повеќето се жртви во бомбашките напади извршени врз двете џамии во Сана на 20 март, потврди службата на ОН.

Службата наведува и дека бројот на загинатите и повредените лица често пати може да биде погрешен, бидејќи „голем број луѓе немаат можност да добијат медицинска помош во болница, а семејствата сами ги погребуваат своите најблиски“ и не постојат информации за нивната смрт.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа