Најмалку 120.000 луѓе ги напуштиле домовите во три сириски провинции од почетокот на октомври заради воените дејствија, соопшти Службата на ОН за координација по хуманитарни прашња.
– Најмалку 120.000 луѓе ги напуштиле домовите во провинциите Алепо, Хама и Идлиб од почетокот на октомври заради воените дејствија што се уште траат, изјави портпарол на таа Служба на ОН.
Повеќето од раселените останале во своите провинции, а дел од нив побегнале кон кампови близу границата со Турција. Во Алепо има најмалку шест мобилни клиники каде може да се добие медицинска помош, наведуваат ОН.