Над две третини од сириските бегалци во Либан живеат во крајна сиромаштија. Во минатата година во таква состојба биле половината од нив, објави ОН.
Од почетокот на конфликтот во соседна Сирија според официјални податоци, во Либан има околу 1,2 милиони сириски бегалци.
Според анализа на УНХЦР, УНИЦЕФ и Светската програма за храна, 70 отсто од сириските бегалци во Либан живета со помалку од 3,84 долари на ден.
Во 2014 година нивниот број бил 49 отсто.
– Речиси 90 отсто од сириските бегалци во Либан се задолжени. Земаат заем за да ги покријат своите основни потреби – сместување, храна и за медицински услуги, бидејќи нивните ресурси се намалени. Речиси една третина од семејствата трошат најмалку 400 долари месечно повеќе од приходите, се вели во анализата.
– Сириската криза е трагедија од огромни размери за децата, во целиот регион и продолжува да биде закана за безбедноста и нивниот развој. Две третини од децата на возраст под 5 години не добиваат по три топли јадења на ден. Само три отсто деца од 6 до 17 години имаат нормален режим на исхрана, а многу возрасни лица јадат помалку за да има нивните деца да јадат, наведуваат ОН.
Од март 2011 година досега во конфликтот во Сирија загинале над 250 илјади луѓе, а милиони ги напуштиле домовите.