ОН: На Палестинската управа и се заканува финансиски колапс

Од:

Потсекретарката на Обединетите нации за политички прашања Росмари Ди Карло предупреди дека влошувањето на палестинска финансиска криза го зголемува ризикот за „финансиски колапс на Палестинската самоуправа“.

Таа на Советот за безбедност на ОН му порача дека итно е потребно усвојување „одржлива резолуција“ за финансиската криза на Палестинските автономни територии.

Приходот од даноците што Израел месечно ги собира во име на Палестинците и кој изнесуваше околу 180 милиони долари, израелските валсти сега го намалија за околу 11 милиони долари.

Израел тврдат дека тој дел од приходот палестинските автономни власти го користат за поддршка на „семејствата на терористите“.

Во знак на протест, Палестинците одбиваат да го прифатат секој трансфер на пари од даноците.

Покрај тоа, САД скратија милиони долари помош за Палестинците.

Ди Карло ги повика двете страни да се позанимаваат со причините за кризата, да ги применат билатерални договори и да избегнуват активности што ја поткопуваат безбедноста и стабилноста на Палестинците и Израелците.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја