ОН: Јемен се соочува со најголема епидемија на колера во светот

Од:

Во Јемен, земја разурната од војна, регистриртани се над 200.000 случаи на колера, од кои поголемиот број се деца, соопштија Обединети нации.

Директорите на УНИЦЕФ и на Светската здравствена организација, Ентони Лејл и Маргарет Чан предупредија дека тоа е „најголема епидемија на колера во светот“.

Тие посочија дека секој ден во Јемен просечно се регистираат по 5.000 нови случаи на колера.

– Повеќе од 1.300 луѓе починаа, од кои една четвртина се деца. Се очекува да расте бројот на смртни случаи, наведуваат Лејл и Чан.

ОН предупредуват дека поради разурнатиот здравствен систем, како системот за водоснабдување и санитетско-здравствените мерки, повече од 14,5 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода, со што се зголемува опасноста од ширење на болести.

Исто така се истакнува дека 30.000 локални здравствени работници не добиле плата речиси десет месеци.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа