ОН: Италија е одговорна за смртта на 200 мигранти во бродолом во 2013 година

Од:

Италија е одговорна за смртта на повеќе од 200 мигранти во бродоломот во 2013 година, бидејќи доцнеше со операцијата за спасување во Медитеранот, соопшти денеска Комитетот за човекови права на ОН.

Според ова тело на ОН, во октомври 2013 година, Италија одговорила премногу доцна на неколку повици за помош на брод што тоне, иако брод на италијанската морнарица бил во близина. На бродот со мигранти имало повеќе од 400 возрасни и деца. Од преостанатите преживеани, четворица, тројца Сиријци и еден Палестинец поднесоа тужба до Комитетот за човекови права на ОН, кој ги надгледува граѓанските и политичките права, вклучително и правото на живот.

Комитетот, составен од 18 независни експерти, заклучи дека Италија не успеала да ги спаси животите на мигрантите, дека лицата „чии права биле повредени“ треба „целосно да бидат обесштетени“ и оти Рим треба да ги гони одговорните за несреќата.

Бродот, на кој имало најмногу сириски бегалци, се наоѓаше во меѓународни води кога беше пукано во него од друг брод по што во пловилото почнало да влегува вода.

Италијанските власти повиците за помош ги проследиле до властите на Малта, и додека пристигнал патролниот брод од Малта, бродот со мигранти веќе се превртел. При тоа се удавија повеќе од 200 лица, меѓу кои и 60 деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски