ОН го продолжи мандатот на силите на НАТО во Авганистан

Од:

Советот за безбедност при ОН едногласно одлучи за последен пат да им го продолжи мандатот на силите на НАТО во Авганистан, пред воената алијанса потполно да ја предаде одговорноста за безбедност на авганистанските сили на крајот од 2014 година.

Според „Асошиејтед прес“, во резолуцијата која што ја усвои СБ се наведува дека состојбата во Авганистан и понатаму претставува закана за меѓународниот мир и безбедност.

Советот покажа сериозна загриженост укажувајќи на насилствата и активностите на Талибанците, Ал Каеда и другите илегални екстремистички групи како и криминалци и трговци со наркотици.

Талибанците со цел да го искористат повлекувањето на странските сили, во последните месеци ги засилија нападите.

Авганистанските сили во јуни ја презедоа надлежноста за безбедност ширум државата, додека Меѓународните сили за помош (ИСАФ) им беа само поддршка.

Силите на ИСАФ драстично се намалени, бидејќи се подготвуваат да си заминат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море