ОН го демантираат постоењето на нов мировен план за Сирија

Од:

ОН ги демантираат информациите на саудискиот весник „Аш Шарк ал Авсат“ за постоење на нов мировен план за Сирија под агендата на светската организација, пренесоа француските медиуми.

Таков план не му е познат ниту на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ниту на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими, се наведува во изјавата на ОН.

„Брахими и неговата екипа продолжуваат да работат со сите заинтересирани страни за мирно решавање на сирискиот конфликт“, се забележува во изјавата, во која се потсетува дека Бан Ки-мун и Брахими го поддржуваат предлогот на лидерот на сириската опозиција Ахмад Муаз ал Хатиб за дијалог со сирискиот режим.

Според панарапскиот весник финансиран од Саудиска Арабија, во ОН се разгледува нов мировен план за Сирија. Планот предвидува политичкиот процес во земјата да премине под агендата на ОН, а „патоказот“ да се утврди од Советот за безбедност. Се предлага во преодниот период да се создаде Совет на старешини, предводен од вицепретседателот на републиката. Меѓу 140-те членови на овој орган, создаден преку општонационален дијалог, ќе има 102-ца делегати, избрани од ОН, и 38 назначени од опозицијата и владата. Во советот ќе учествуваат претставници на сите слоеви од населението, военици, инженери, лекари, дејци во културата, науката и образованието, судии и адвокати, претприемачи и земјоделци, свештеници и емигранти, предвидува проектот.

Договорот за примирје, што треба да биде потпишан од сите страни во конфликтот, Сирија ќе ја прогласи за демократска парламентарна република со световен карактер.

Во преодниот период Советот на старешини ќе спроведува контрола врз демилитаризирањето на земјата, почитувањето на националното помирување и изградба на граѓанско општество.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ