Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска изјави дека е исклучително загрижен поради воениот удар на Тајланд.
Воениот удар го осудија и САД и ЕУ, која побара брзо враќање на демократскиот процес во земјата.
Бан во соопштението апелира на итно враќање на уставните, граѓански и демократски власти и на сеопфатниот дијалог што е пат кон долгорочен мир и напредок на Тајланд.
ЕУ во соопштението нагласува дека ги следи случувањата на Тајланд и кои предизвикуваат голема загриженост.
САД по воениот удар соопштија дека ќе го разгледаат продолжувањето на воената соработка со тамошните власти.