ОН: Бројот на сириските бегалци достигна еден милион лица

Од:

Еден милион луѓе ја напуштиле Сирија од почетокот на граѓанската војна, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци Антониу Гутереш.

– Најмалку еден милион луѓе се бегалци, милиони други се внатрешно раселени, а илјадници луѓе продолжуваат да ги минуваат границите секој ден. Сирија се движи кон целосна катастрофа, изјави Гутереш.

Според податоците на ОН, околу половина од бегалците се деца, поголемиот дел на возраст под 11 години. Гутереш нагласи дека соседните земји прават се за справување со зголемениот број на сириски бегалци кои пристигнуваат на нивните граници и имаат потреба од значителна меѓународна помош.

Бројката од еден милион бегалци е достигната побрзо од очекуваното. Во декември ОН прогнозира деак бегалците од Сирија нема да надмината 1,1 милион пред крајот на јуни. Според податоците на ОН Сирија во 2010 година броела 20,4 милиони жители.

Агенцијата на ОН за бегалци објави дека од почетокот на годината бројот на луѓе, бегалци од Сирија, е значително зголемен. Над 400.000 Сиријци ја напуштиле земјата од јануари годинава, што е речиси половина од целиот бран бегалци предизвикан од двегодишните борби против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Поголем дел од бегалците заминуваат за Либан, Јордан, Турција, Ирак и Египет, а некои и за Северна Африка и Европа. Според ОН бројот на жители во Либан е зголемен за 10 проценти како резултат на бегалскиот бран од Сирија.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ