ОН: Бројот на бегалците што го напуштаат Авганистан поголем од бројот на тие што се враќаат

Од:

Бројот на бегалците, кои се враќаат во Авганистан е на мошне ниско ниво, според претставници на Обединетите нации.

Досега во текот на оваа година околу 2.200 бегалци се вратиле во Авганистан, што е слично на тенденцијата во 2014 година кога беше забележана најниска бројка на враќање од почетокот на доброволниот процес за репатријација во 2001 година.

– Бројката е многу помала, отколку што очекувавме, изјави висок претставник на Врховниот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, Џорџ Окот Обо, кој вчера го посети Кабул во рамки на турнејата низ регионот.

Околу 2,4 милиони Авганистанци и натаму остануваат надвор од земјата.

– Над 200 илјади Авганистанци избегале во Европа во 2015 година, според информациите на Врховниот комесаријат, а многу други побарале азил во Пакистан, Иран и во самиот Авганистан, додаде Окот-Обо.

Тој додаде дека лани околу 60 илјади Авганистанци доброволно се вратиле во своите домови.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан