ОН бараат Тајланд, Малезија и Индонезија да им помогнат на бегалците од Мјанмар и Бангладеш

Од:

Агенциите за заштите на човечките права и за бегалци на Обединетите Нации, со седиште во Женева, денеска упатија апел до Тајланд, Малезија и Индонезија да ги запрат операциите за протерување на бродовите што носат илјадници бегалци и да дозволат прегладнетите и болни луѓе да бидат истоварени на копно.

Се проценува дека најмалку 8.000 бегалци од Мјанмар и Бангладеш се наоѓаат во меѓународните води во Бенгалскиот Залив, а нивното истоварање државите од кои ОН бара разбирање им го поречуваат пристапот до копното.

Апел за похумано однесување кон елегалните емигранти вчера лично упати и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, но до денеска нема информации дека неговите барања се почитуваат.

Освен големиот број бегалци што се сега препуштени на судбината на отворено море, според податоци на ОН само во првите три месеци од годинава од Мјанмар и Бангладеш со дестинација кон Малезија се упатиле над 25.000 бегалци. Сите се од малцинското муслиманско племе Рохингја што живее во Мјанмар и Бангладеш, каде што се изложени на верски тортури и живеат во голема сиромаштија.

Голем дел од мигрантите се жртви на илегалната трговија со луѓе што ги организирале групи од Мјанмар и Тајланд. По откривање на голем број масовни гробници на бегалците на границата меѓу Тајланд и Малезија, пред две недели, воената управа во Бангкок го спречи движењето на емигрантите преку Тајланд.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он