ОН бараат финансиска помош за сириските бегалци

Од:

ОН денеска побараа финансиска помош за сириските бегалци, кои беа принудени да побегнат од земјата поради двегодишниот конфликт што претставува огромна закана за регионот.

– Апелирам на сите земји кои сакаат да помогнат на парламентите, владите да одобрат вонредни средства заради помош на сириските жртви и да ги примат, рече Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутереш.

Гутереш рече дека ако не дојде до тоа, со вообичаениот буџет на ОН помошта за бегалците нема да биде можна.

Високиот комесар предупреди дека бројот од сегашните милион бегалци, би можел да се удвои и утрои до крајот на годината, ако не се пронајде решение за ситуацијата во Сирија.

Гутереш во моментот се наоѓа во Јордан каде што има 450.000 сириски бегалци.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија