ОН соопштија дека се неопходни 7,73 милијарди долари за помош на 22,5 милиони луѓе погодени од судирите во Сирија кои се водат веќе шеста година.
Апел за помош упатен до членки на ОН се однесува меѓу другите и на 13,5 милиони Сиријци раселени во државата како и за 4,7 милиони луѓе кои веќе ја напуштиле државата и заминале во соседни држави.
Помош од донатори ќе биде побарана на меѓународна конференција за сириската криза во Лондон на 4 февруари.